Прикажана е една книга

  • Ѓубре

    „Сериозна, перцептивна и ужасно смешна студија на реакционерната нарав… Како хуморист, моралист и автор на стравот и ужасот Велш во овој роман навистина дал сè од себе… ова му е веројатно најдоброто дело од Броење возови па наваму“.

    Sunday Times

    „На еден токсичен начин, типичен за Хемиската генерација, Велш е нашиот најдобар автор на надреална општествена сатира“.

    The Big Issue

    „Напишан на специфичен велшовски јазик, Ѓубре е прекрасно мрачен и смешен роман за развратот, моќта и злоупотребата на сè, практично. Стилот и формата се безобразно елегантни, а разорниот светоглед на Велш е многу убедлив“.

    Mail on Sunday

    „Детективот Брус Робертсон е назначен на случајот на убиство и токму неговиот монолог ни открива едно срце на темнината од кое дури и Џозеф Конрад би го фатил срам. Неговиот лик е мотивиран само од мизантропија, пеколна мешавина од сите можни предрасуди на светов, како и неколку карактеристични само за него. Толку е обземен од овој свој гнев што на крајот имплодира, не може да функционира без мета за својата омраза. Го напаѓаат тении и крастави осипи, метафора за едно сепство решено да се самоуништи… Истражување на кревкоста на совеста, приказна за тоа како спомените и заблудите можат секого да збудалат“.

    Express

    500,00 ден