Атлас на облаците

Од (автор)Дејвид Мичел

590,00 ден

„Атлас на облаците“ е замислен и компониран како музичко дело – секстет во кој се преплетуваат шест гласови, шест приказни кои меѓусебно се надоврзуваат и дополнуваат на уникатен начин. Дејвид Мичел генијално си поигрува со книжевните жанрови, со техниките на раскажување, со просторот и времето, со политиката и естетиката – и тоа со една единствена цел: да ја отслика вечната борба помеѓу надежта и нихилизмот, помеѓу уништувањето и креирањето.

Понекогаш филозофски луциден, понекогаш комичен и длабоко искрен, а понекогаш и мрачно апокалиптичен, „Атлас на облаците“ ги протегнува своите приказни низ период подолг од еден милениум за да наслика незаборавен портрет на човековата природа, со сите нејзини возвишени подеми и срамни падови и со сите теми кои го окупираат човештвото од неговото постоење, па сè до неговиот претпоставен крај.

Во секој поглед, „Атлас на облаците“ е уникатно и незаборавно книжевно доживување и денес, десет години по неговото прво објавување во 2004 година, важи за едно од највпечат ливите дела во светската книжевност на 21 век.

„Атлас на облаците“ веќе цела деценија е еден од најуспешните бестселери во светот, а во 2013 година беше адаптиран и во игран филм.

 

„Од гледна точка на писателот, Атлас на облаците е многу ризично дело, затоа што наликува на кула од карти која во секој момент може да се распадне. За среќа, Дејвид Мичел поседува неверојатен талент да ја одржи оваа конструкција и преку неа да ни наслика чуда. Токму заради тоа Атлас на облаците е модерен класик, дело што ќе остане светла точка во книжевната историја. Неверојатно забавен и примамлив за читање, но неочекувано длабок и силен роман.“

The Guardian

ШИФРА: 90
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2014

Број на страници

532

Превод/Препев

превод од англиски: Ацо Пероски

Дејвид Мичел е еден од највпечатливите „нови гласови“ во современата британска книжевност. Роден е во 1969 година во Англија, а живеел во Италија, Јапонија и Ирска. Автор е на пет романи и добитник на голем број меѓународни литературни признанија.

Книжевната критика особено ги издвојува неговите романи „број9сон“ (2001), „Атлас на облаците“ (2004) и „Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут“ (2010) како исклучителни книжевни дела кои се одликуваат со стилска, тематска и естетска впечатливост.

Новиот роман на Мичел, „Коскени часовници“, ќе биде објавен кон крајот на 2014 година.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.