Автор/ка | |
---|---|
Број на страници | 425 |
Година на издавање | 2024 |
Превод/Препев | превод од англиски: Бранислав Мирчевски |
Граница
590,00 ден
Привлечната сила на границата силно се чувствуваше помеѓу водните коњчиња, како гравитација. Каде и да се завртиш, нешто секогаш беше зад тебе, а ништо пред тебе. Како историјата, впрочем.
„Оваа книга е извонредно лично истражување на граничната област помеѓу Грција, Бугарија и Турција. Писателката со бугарско потекло разговара со ловци на богатство, ботаничари, бегалци, шверцери – за да објави необични, живописни, трогателни човечки приказни. Таа доаѓа до тоа со поетски сензибилитет и новинарска љубопитност. Прекрасна, блескава комбинација“. New Internationalist
„Ова е прекрасна, лична приказна за граничната зона меѓу Бугарија, Турција и Грција, од времето на Османлиите до заканата од Студената војна и пошироко“. Марк Мазовер
„Касабова е одлична писателка која, ослободена од дискурсивните норми, лесно ги преплетува документарното и лирското, доживеаното и замисленото. Таа отворено и без предрасуди им се препушта на зборовите, средбите, приказните и на сопствените емоции, приемчива за секое искуство. Навистина, одамна немам прочитано книга која толку впечатливо ја опфаќа поетиката на еден простор и толку непретенциозно, а животно прикажува една исклучително сложена тема, како што е темата на границата“. Катерина Лукетиќ, Критика
„Ова е тажна приказна раскажана на три јазици, а за да не се повтори, луѓето треба да зборуваат – за минатото, сегашноста и иднината“. БНР
Капка Касабова е повеќежанровска писателка. Нејзини најпознати прозни книги се: „Улица без име“ (2008), „Дванаесет минути љубов“ (2013) и книгите од балканската трилогија „Граница“ (2017) „Кон езерото“ (2020) и „Еликсир“ (2023). Капка Касабова е родена во Софија во 1973 година, а на 18-годишна возраст емигрирала со семејството во Нов Зеланд, каде што студирала и ги објавила првите поетски книги на aнглиски јазик. Од 2005 година живее во Шкотска.