„(До)Живеј го Скопје“ на Богдановски и Анѓелков со скопски графити

Почитувани,

во тек е кампањата во рамките на која до 08 април, со купен ваучер од 400 денари по промотивна цена во нашиот дуќан, директно учествувате во помагањето на печатењето на книгата со скопски графити „(До)Живеј го Скопје“, дело на Матеј Богдановски и Игор Анѓелков.

По долгогодишното собирање, архивирање и колекционирање на графити испишани по ѕидовите на метрополата, неминовна беше соработката меѓу авторите на ова прекрасно книже, кое ќе ги зачува од заборав мудростите на скопските графити мајстори, кои со години неуморно работат на разубавување на урбаниот простор низ кој секојдневно врвиме.

Излегувањето на книгата го најавуваме за 10 април, датум по кој графити-книгата ќе се продава по редовна цена од 550 денари.

Ве очекуваме 😉

(До)Живеј го Скопје

 

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна