Промоција на стихозбирката „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски

Ве информираме дека вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во 20 часот ќе се одржи промоцијата на стихозбирката „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски. Се работи за 10 книга во едицијата „Поеза“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Промотор на изданието е Владимир Мартиновски.

За стихозбирката, Оливера Ќорвезироска напиша: „Збунети компаси“ е отстојана збирка во најубава смисла на зборот. Раскошна лексика, прибирање на загубените зборови и чување во песна. Нема поубав начин од тоа за еден јазик. За едно пеење. Ибришими, коткања, забели… и едночудо други лексички длабења во слоевиот поетски јазик“.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна