Промоција на „Готленд“ од Мариуш Шчигел
На 25 август поминавме прекрасна вечер во чаршијата, промовирајќи ја книгата „Готленд“ во присуство на авторот Мариуш Шчигел.
Преводот од полски на македонски јазик е на Лидија Танушевска, книгата на славниот полски автор ја промовираа Сашо Кокаланов и Ѕвездан Георгиевски, а за изборот на музиката беше задолжен Шурбе. Преводот и промоцијата се дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.