Престижната награда „Браќа Миладиновци“ за „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски

Со големо задоволство Ве информираме дека стихозбирката „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски е годинашен добитник на престижната награда „Браќа Миладиновци“ што ја доделува фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Анчевски втор пат го добива ова признание, по 2018 година кога му беше наградена стихозбирката „Небесна пантомима“.

„Поетската книга „Збунети компаси“ е зрело и интимно, во извесна смисла и исповедно поетско, односно автопоетичко огласување на Анчевски. Книгата е доследно изградена како суштествено лирски, поетски израз во рамновеесието на сензуалната доживелица на мигот и воедно мигот на медитативната сосредоточеност во наслушнувањето на душевните напливи. Лирскиот израз на Анчевски во оваа поетска книга се огласува од средиштето на длабоката вкотвеност во појавноста на светот што нѐ опкружува, среде нејзината мена, која е воедно и тежиште на јарболот на аксиолошката вертикала по која угоре заблазува и удолу, пред стрмоглавоста, зазира духот“, се вели во образложението на одлуката.

Повеќе за стихозбирката и авторот на следниот линк:

Збунети компаси

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна