Поетска вечер со Лидија Димковска и Алеш Мустар во Битола

Вечерва со почеток во 19 часот во кафе-барот и културен центар „Везилка“ во Битола ќе се одржи книжевна вечер со македонската писателка и поетеса Лидија Димковска и словенечкиот поет Алеш Мустар. Во фокус ќе бидат нивните стихозбирки „Гранична состојба“ (награда „Браќа Миладиновци“ на СВП) и „Црно на бело“, како и „Средни години“, сите во издание на ИЛИ-ИЛИ. Алеш Мустар ќе прочита и неколку песни од неговата нова поетска книга издадена годинава, „Короники“.

Модератор на настанот е Сашо Огненовски, а стихови од поетите ќе чита актерот Кристијан Танчевски. Оваа поетска вечер е во организација на ЗРУМ „Перун Артис“ од Битола, а поддржана е од Општина Битола.
Драги читатели и пријатели од Битола, бидете таму и поминете си убаво 😉
0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна