Нова книга од Калина Малеска

Денес од печат излезе новата книга од Калина Малеска насловена „Светот што го избрав“. По збирките раскази, теориската книга и сликовницата за најмладите во издание на ИЛИ-ИЛИ, Малеска по десет години објавува и нов роман.

Доминантна карактеристика на романот е, како што вели Никола Гелевски, „заузданата хетерогеност во најширока смисла (што е романот како жанр): различни генерации, класи, родови тензии, попречености, одлично пренесен детски поглед – Вера е еден од најдобро направените ликови. Се забележува веродостојност, ангажираност, прецизна ситуираност, неореализам (сцената со децата на кои таткото им забранува да си играат кај Леона). Се чувствува љубов и емпатија кон луѓето, но и критичност“.

На хетерогеноста се осврнува и Оливера Ќорвезироска, според која „убав е миксот на интересите и ликовите, на надворешното (комисијата) и внатрешното (женската потреба од љубов изразена на многу впечатлив, невообичаен и автентичен начин), а комплексноста на романот се огледа и во присуството на филозофските наслаги, етичките размисли, есеизираноста во една необична форма“.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна