„Ветрилиште“, нов роман од Игор Анѓелков

Почитувани,

со задоволство го најавуваме излегувањето од печат на новиот роман „Ветрилиште“ од Игор Анѓелков.

Се работи за неговиот петти роман, или јубилејната, десетта објавена книга во овие 18 години творештво.

Во поговорот од книгата, Оливера Ќорвезироска нагласува:

„И покрај бруталната искреност и соголувањето и на текстот и на авторот, Анѓелков успева да ја зачува потентната „недореченост“ како внимателно одбран крај. Но, тоа е тоа што текстот и го заслужува и го бара од финишот. Романизирајќи го сето она што сите го помислуваме или го премолчуваме, авторот останува доследно недоследен, свој, автентичен, изграден и неодминлив романсиер во современата македонска книжевност од последните речиси две децении. Оксиморонот „доследно недоследен“ совршено го надополнува „издвојувањето на несекојдневното за да се исцрта што пореално токму секојдневното“ како негово творечко кредо.

На читателите им останува да решат дали (не)добивањето награди ќе го сфатат како секојдневна или како несекојдневна практика во домашниот културен контекст. И, што е уште поинтригантно, прашањето што останува да лебди над „Ветрилиште“, но и над сите нас, е дали и што можат да променат наградите кога доаѓаат или кога не доаѓаат? Дали ним им е понеопходна книжевноста отколку што тие ù се неопходни нејзе?“

Од 5 ноември, денот на неговиот 50-ти роденден, книгата ќе биде достапна за читателите. Дотогаш, можете да ја нарачате онлајн на нашата веб-страница, или во нашата книжарница во центарот на Скопје 😉

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна