Нов роман од Симеон Јанков

Почитувани читатели,

Ве информираме дека од печат излезе новиот роман од Симеон Јанков насловен „Недостиг“. Ова е негово трето книжевно дело, по романите „Црна шума“ (Ми-Ан, 2019) и „Најосаменото место“ (Или-Или, 2021). Се работи за уште еден интригантен и загадочен роман напишан во негов препознатлив стил, во кој Јанков кокетира со нему омилените жанрови noir-dark romance-mystery.

„Недостиг“ е повеќеслоен психолошки роман- мистерија што нуди повеќе перспективи и толкувања за настаните, на кои временски нелинеарното изложување им е можеби најсилната страна. Приказната за недостигот е една од главните теми на кои се гради романот и како што нарацијата се развива, станува сѐ понапната, а со разврската на крајот, кој бездруго нуди повеќе толкувања, читателот осознава дека справувањето со сопствениот недостиг значи справување со сѐ. Во романот се наметнуваат деликатни прашања: што ако веќе го нема минатото на кое сакаш да му се вратиш, што ако не можеш да го промениш она што никогаш не се случило, што ако дури ни во детството веќе никој не те чека, дали твојата неприпадност е нечија туѓа припадност?

Доколку сте љубители на жанровска литература, и особено доколку ви се допадна романот „Најосаменото место“ кој е дел од популарната едиција „ПРОаЗА“, тогаш топло ја препорачуваме и оваа книга на авторот.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна