„Јод“, нов роман од Младеновска Анѓелков

Драги читатели,

со радост го најавуваме излегувањето од печат на новиот роман од Снежана Младеновска Анѓелков насловен „Јод“, како 231 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“.

Лауреатката која за својата прва книжевна објава „Единаесет жени“ ја доби престижната награда „Роман на годината “ на „Утрински весник“ за 2011 година, и овој пат со нејзиниот бескомпромисен и директен стил на пишување, ни раскажува за светот околу нас и она во што тој се претвори. Иако нејзините романи се куси, по нивното читање се чини како да содржат многу повеќе страници од онолку колку што тие навистина се. Тоа упатува на густината на текстот и пораките што истиот сака да ни ги пренесе.

По „Молчи со отворена уста“ и „Луѓето, а не градот“, Младеновска Анѓелков со новата книга продолжува да ја чекори книжевната патека која веќе десетина години успешно ја трасира до нејзините верни читатели. „Јод“, дефинитивно, нема да ве разочара, туку напротив, ќе отвори нови прозорци за промислување и дебатирање за актуелни теми, што е и целта на добрата литература.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна