
Книгите од Анѓелков во фокус на „Летните приказни“
Драги читатели,
по минатонеделниот фокус на едицијата „Виртус“, летните приказни ги продолжуваме со персонализирана седмица посветена на книгите од Игор Анѓелков, авторот со најмногу ИЛИ-ИЛИ изданија.
Во текот на летото ќе имаме седмици посветени на неколку автори, а серијалот го започнуваме токму со делата на Анѓелков, кој во моментов е актуелен дури со три наслови: „Филмско око“, книгата со филмска есеистика, романот „Ветрилиште“ објавен кон крајот на минатата година, и реизданието на првите три книги „Кротко-крајпатни синтези“ објавено во очи на саемот минатиот месец.
Всушност, понудата ги содржи сите негови изданија, бидејќи во моментов во ИЛИ-ИЛИ можете да ги најдете сите негови книги, и прозните и оние посветени на седмата уметност.
Ова е убава можност, доколку го сакате ракописот на Игор Анѓелков, да ја комплетирате Вашата библиотека со неговите изданија, или едноставно, да си дозволите добра литература и текстови за филмот во претстојното долго и топло лето.
Ве очекуваме 😉
https://iliili.com.mk/book-author/igor-angjelkov/