Капка Касабова во Скопје!

Драги читатели,

со особена радост Ве информираме дека на 20 август, од шкотските гори во Скопје ни доаѓа феноменалната Капка Касабова!

Со светски прославената авторка на документаристичка проза ќе зборуваме за „Кон езерото“ и „Граница“, преведени на македонски јазик, но и за „Еликсир“ и „Анима“ со кои Капка ја заокружи замислената балканска тетралогија, а за нив „Или-Или“ веќе ги обезбеди авторските права.

Со авторката ќе разговараат Ана Витанова-Рингачева и Александар Маџаровски – „Читачот“, а на сцената, се разбира, ќе биде и извонредниот преведеувач Бранислав Мирчевски.

Инаку, Капка Касабова потоа ќе биде членка на едно од жиријата на фестивалот за креативна документаристика „Македокс“ (21-28 август, Куршумли ан).

Се гледаме на 20 август во 20 часот во „Буква“!

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна