„Дријади“, прва книга за деца и млади од Игор Анѓелков

Драги читатели,

следната седмица нашата и Ваша едиција „И ете приказна“ ќе ја збогатиме со нов наслов.

Имено, Игор Анѓелков реши да ужива пишувајќи проза за деца и млади, и така настана романот „Дријади“, симпатична приказна која освен тинејџерите, ќе биде интересна за читање и за оние кои внимателно го негуваат „детето во себе“.

Во романот „Дријади“ главни протагонистки се три средношколки, три другарки кои по прославата на роденденот тргнуваат на својот прв заеднички летен одмор на море. Решени да не лудуваат, туку да поминат еден мирен и „пензионерски“ одмор во соседството, тие неочекувано наидуваат на случки и ситуации на кои на почетокот не им придаваат значење, за потоа, како дејствието се развива и се згуснува, сѐ да почне да се отплеткува пред нивните очи. Умешно вметнувајќи елементи од митологијата на случувањата во сегашноста, книгата ја скокотка фантазијата и се чита со задоволство.

Затоа, сметаме дека „Дријади“ е вистински погодок!!!

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна