Емил Крстески е политиколог, прозаист и сликар, доктор по политички науки. Досега има објавено шест книги од областа на меѓународните односи и две збирки раскази: „Три дена во Париз“ (преведена на српски јазик, промовирана во Нови Сад, Шибеник и Прага), и „Флик ен флак“. Има реализирано три самостојни, а учествувал и на две групни изложби.
Бил државен советник во Кабинетот на Претседателот на Собранието, директор на Државниот архив и наш вонреден и ополномоштен Амбасадор во Чешката Република. Четири години живеел во Стразбур (ги следи сесиите на Европскиот парламент) и три години во Њујорк (докторска дисертација).
-
Три дена во Париз
100,00 ден„Збирката раскази сведочи дека Крстески „има око“, односно поседува сликарски талент, што е очигледно од неговите изложби, а во книгата и од оптичкиот квалитет на неговите секојдневни глетки. Ова е прва раскажувачка книга на Крстески, но по нејзиното прочитување, недвојбениот впечаток е дека авторот додека ја создавал имал голема глад за пишување. Јунаците на неговите раскази умеат да ги видат и да ги опишат видливите, но и потскриените нијанси на надворешното и внатрешното живеење. Неговата проза има животен ритам. Книгата раскази „Три дена во Париз“ на Емил Крстески ќе ги привлече читателите кои се духовити, човечни и противници на приватните и општествените репресии. Уживајте!“
Александар Прокопиев
250,00 ден

КРЕАТИВНА ЕВРОПА
