Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген, но поголемиот дел од животот го минува во татковината. Дипломирал во Скопје на катедрата за македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Работел на универзитетите во Лавов (Украина), Катовице (Полска) и Брно (Чешка). Докторирал во Полска во 2009 година.

Автор е на 5 книги од областа на лингвистиката и на романот „Гаргара“, финалист на „Роман на годината 2014“ на Утрински весник.