Јурица Павичиќ е роден во Сплит во 1965 година. Дипломирал историја и светска книжевност на Универзитетот во Загреб. Од 1990 година постојано живее во Сплит и работи како филмски критичар и колумнист во различни весници. Добитник е на многу национални и меѓународни награди.

Ги објавил: „Овци од гипс“ (роман, 1997); „Неделен пријател“ (роман, 2000); „Хрватски фантастичари – една книжевна генерација“ (2000); „Вести од Лилипут“ (есеи и колумни, 2001); „Nachtbus nach Triest“ (2001); „Минути 88“ (роман, 2002); „Split by Night“ (есеи и колумни, 2003); „Куќата на нејзината мајка“ (роман, 2005); „Црвенкапа“ (роман, 2006); „Улична патрола“ (раскази, 2008); „Постјугословенски филм – стил и идеологија“ (2011); „Нови вести од Лилипут“ (есеи и колумни, 2011); „Patruglia sulla strada“ (2012); „Брод во дворот“ (раскази, 2013); „Cappuccetto rosso“ (роман, 2014); „Табернакул“ (одбрани раскази, 2015); „Ein Tod für Ein Leben“ (роман, 2017); „Класици на хрватскиот филм во југословенскиот период“ (2017).

  • Овци од гипс

    Сплит, 1992 година.

    Една ноќ, група војници решаваат да го одмаздат загинатиот командир и подметнуваат експлозив под куќата на српскиот месар. Сопственикот на куќа загинува, но тука е и непосакуваниот сведок: неговата ќерка.

    Крешо е воен ветеран кој од војната се враќа без нога, горчлив и разочаран. Гаљер е искусен новинар од црна хроника, а жена му се бори со дијагностицираниот рак. Матиќ е успешен лекар со политички амбиции. Лидија, истражувачка новинарка со верба дека весниците можат да ги подобруваат работите.

    Судбината на овие луѓе се испреплетува со судбината на девојчето скриено во една гаража, девојчето кое чека некој да ја ослободи или да ја убие

    200,00 ден250,00 ден