Миљенко Јерговиќ (Сараево, 1966) е книжевник и новинар кој живее во село недалеку од Загреб. Првиот новинарски текст го има објавено во 1983 година, а првата поетска збирка „Опсерваторија Варшава“ во 1988 година.

За неговата збирка раскази „Сараевско Марлборо“ (1994) година критичарите сметаат дека со неа почнува трендот на т.н. стварностна проза. Потоа објавува уште неколку збирки раскази („Мама Леоне“, „Иншалах Мадона, Иншалах“), како и десетина романи.

За романот „Род“ во 2015 година ја добива наградата „Његош“.

Делата му се преведени на повеќе од дваесет јазици.

  • Род

    „Род“ на Миљенко Јерговиќ е книга составена од повеќе целини – романи, документи, раскажувачки скици, фрагменти – во кои се менуваат фикционални и нефикционални делови и на совршен начин се мешаат реалното и измисленото. Со многу автобиографски елементи Јерговиќ во „Род“ ја испишува сагата за семејството на Карло Штублер, неговиот прадедо.

    Ова е книга во која авторот низ судбината на сопственото семејство зборува за цел еден век на Средна Европа и на Балканот, роман кој како железница ја вмрежува епохата и различните краишта, земјите кои се менуваа, историјата која беше немилосрдна.

    Од прадедо му и почетокот на XX век до денешницата на авторот и неговата судбина, „Род“ претставува opus magnum на генијалниот Јерговиќ.

    400,00 ден499,00 ден