Томаш Змешкал (1966), чиј татко е од Конго, а мајка Чехинка, живее во Чешка, но студирал англиска книжевност во Лондон. Во 1999 година се вратил во Прага и предавал англиска книжевност на Карловиот универзитет. Денес работи како професор во средно училиште, пишува и преведува.
„Љубовно писмо со клинести знаци“ (2008) е негов прв роман. Вториот роман, „Биографија на црно-белото јагне“ го објавува следната, 2009 година.
-
Љубовно писмо со клинести знаци
Томаш Змешкал го вчудовиде чешкиот книжевен свет и читателската јавност со дебитантскиот роман „Љубовно писмо со клинести знаци“, за кој ја доби престижната чешка награда за литература „Јозеф Шкворецки“ во 2009 година, како и „Наградата на Европската унија за литература“ за најдобри нови писатели, заедно со уште единаесет автори, во 2011 година. Оттогаш доживеа светска слава и преведен е на многу јазици.
Постмодернистичката сага, стилски, но и жанровски разновидна, изобилува со хумор, иако историските околности во кои се случува се многу тажни. Во романот со строго обмислена структура, авторот не се ограничува на историскиот период на живеење на неговите ликови. Неговата фантазија досегнува до древното хетитско и персиско минато, но и далечната иднина. Приказните се нижат, но не по хронолошки редослед, за да се состават на крајот во совршен богат мозаик. Токму тоа од романот на Змешкал прави ремек-дело на современата европска книжевност.
390,00 ден