Влатко Галевски e роден е 1949 година. Студирал правни науки и музика. Филмски критичар. Дваесет години член на „Oктет Македонија“ (баритон).

Пет години уредник на видеоизданијата на „Македонија филм“. Од 1993 до 1998 година уредник на филмската програма на А1 ТВ и автор на емисиите „Синема“ и „Синеманија“. Вокалист во музичкиот проект „Октоехос“.

Продуцент, директор на фотографија и коавтор на музиката во филмот „Маклабас“, член на ад-хок групата FYROM Experiment. Автор на книгата „Фацерија“. Актер во филмот на Ацо Станкоски, „Самит на шаманите“. Дваесет години автор и водител на емисијата „Слушајте филм“ на (Радио УНО, Македонско радио, Радио Равел) Радио Метрополис. Уметнички соработник на Македонската филхармонија за 4 концерти на филмска музика. Член или претседател на неколку филмски фестивалски жирија (Браќа Манаки, Астерфест, Синедејс, МакеДокс). Автор на повеќе од 600 филмски рецензии.

Од 2001 до 2011 година уредник за култура и уметност во магазинот „Форум“.

  • Исповедни финеси

    …Десет дена гестикулиравме, пантомимиравме и ономатопеиравме во вода и на суво. И многу се бакнувавме. За Финците знаев дека скијаат, дека им е студено и носат големи ќулафки, дека имаат илјадници езера, дека сауните им се фински и се возат со ирваски запреги со санки. Лати велеше дека сето тоа би го дала за вакво море. Успеав да кажам дека сето море е во нејзините очи…

    …Вие (идни покојници) можете да живеете валкано колку што сакате, можете да штедите вода (и сапун) за своето капење а да се возите во тазе испрано порше, можете да ручате со неизмиени раце и по големата нужда, но знајте дека од последното капење нема да се спасите. А во помнењето на оние по Вас – каква иронија – секогаш ќе останете нечисти.

     

    „Со „Исповедни финеси“ Влатко Галевски формулира едно апсолутно исклучително и исто толку потребно стојалиште на обновен респект за автентичноста на нашиот сопствен живот. Длабоко сум убеден дека книгава што ја држите во рацете спаѓа во онаа хуманистички инспирирана и естетски афирмирана литература од рангот на Саројан, Селинџер, Ефраим Кишон, а којашто одигра витална улога во самопочитување на цели генерации“.

    Ферид Мухиќ

    100,00 ден250,00 ден