Прикажани се 5 книги

  • Боите на разделбата

    „Боите на разделбата“ е збирка од девет раскази за разделбите што тешко нѐ погодуваат, за разделбите што нѐ ослободуваат, за успешните и за разочарувачките љубови, за довербата и предавството.

    Ова се приказни за луѓе во различни фази од животот, за нивните стравови и надежи.

    Девет раскази, девет извонредни камерни игри во кои Шлинк ни прикажува како луѓето се повредуваат, со или без намера, приказни што изненадуваат, вознемируваат, но и приказни што носат радост.

    Приказни напишани со јасен и смирен јазик, во коишто се спакувани цели животи.

    250,00 ден350,00 ден
  • Жената на скалите

    Жената на скалите е храбро, силно емоционално дело што кружи околу големите теми: загуба, привид, љубов, отуѓување и смрт“.

    Њуз

    „Прекрасно раскажан роман, без напрегања, роман за правото и моралот, за големите чувства и горчливите разочарувања“.

    Ди Зидостшвајц

    „Типична Шлинковска приказна, напишана во неговата типично едноставна, прекрасна проза“.

    Аугсбургер Алгемајне

    200,00 ден299,00 ден
  • Викенд

    Бернхард Шлинк во својот роман „Викенд” не’ навраќа на една епоха и на животот на една генерација, која некогаш ја симпатизирала вооружената ослободителна борба на земјите од таканаречениот трет свет. Во фокусот стои фигура, која по многу детали потсетува на терористот на РАФ, Кристиан Клар.

    Но, во романот на Шлинк не се работи за тероризам. Ослободениот затвореник, кој треба да го води разговорот за време на викендот е отсутен во мислите. Зборува, воопшто кога има било што да каже, како пред дваесет и пет години. Револуционерниот патос е се’ уште присутен, иако здрвен и зараснат.

    Сепак Јерг има важна функција. Неговото присуство ги присилува другите повторно да се конфронтираат со своите животни лаги.

    150,00 ден370,00 ден
  • Олга

    „Шлинк беше и остана автор за читатели кои сакаат интелигентно раскажани приказни. Таквите читатели нема да бидат разочарани од Олга“.

    Tages-Anzeiger, Zurich

    „Во овој возбудлива роман Бернхард Шлинк ги оживува последните траги на една неисполнета љубов, со неговиот препознатлив печат – софистицираната носталгија“.

    Le Nouvel Observateur

    „Со овој роман авторот на бестселерот „Читачот“ им оддава признание на сите жени кои биле потиснати во своето време и кои можеле да извршат големи дела“.

    Vocable, Maubeuge

    300,00 ден390,00 ден
  • Читачот

    Читачот спаѓа во оној тип комплексни романи кои отвораат толку прозорци колку што читателот може да поднесе свеж воздух. Психолошки во длабока, филозофски во генерална и незаборавен во буквална смисла, „Читачот” е роман кој не се предвидува, не се претпоставува, ниту пак, се прераскажува, роман кој со секоја наредна страница одново и одново ја редефинира наративната маршрута.

    Тргнувајќи од самиот наслов, ова е роман во кој во ниту еден читачки/читателски миг не се знае кон каде ќе тргне, а камоли каде (и како) ќе заврши „читањето”, дури и во жанровска смисла… Одлична лекција за книжевните вообразеници, скептици и неверници кои сметаат дека книжевното писмо не може да изненади“.

    Оливера Ќорвезироска

    250,00 ден350,00 ден