ИЛИ-ИЛИ на Саем на книга 2024

Драги читатели,

Ве покануваме да го посетите нашиот штанд на традиционалниот годишен „Саем на книга“ во Скопје, кој ќе се одржи од 18 до 24 април во СЦ „Борис Трајковски“.

Се радуваме што повторно ќе се сретнеме со Вас, со надеж дека ќе ја задоволиме жедта за квалитетна литература, се разбира, по многу поволни цени. Впрочем, цените на нашите изданија отсекогаш биле фер и пристапни за сечиј џеб.

Новина на овој саем ќе бидат нашите новообјавени книги, романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска и преводот „Црвените очи“, роман на белгиската авторка Миријам Леруа. За сите оние што го пропуштија прекрасниот роман „Аб’т“ од Оливера Ќорвезироска, неодамна објавивме и второ издание.

Секако, дел од нашите автори ќе ги потпишуваат своите изданија на саемот на книга, сатници кои додатно ќе ги објавиме на социјалните мрежи.

За оние кои ќе бидат спречени да наминат на саем, овозможуваме нарачка на книгите и карго достава до Вашиот дом. Се’ што треба е да го направите вашиот избор со саемски цени на нашава веб страница, ИЛИ од каталогот следниот линк:

https://shorturl.at/fwyzI (copy-paste во нов прозорец 😉 ).

Подгответе се, Ве очекуваме!

 

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна