Прикажани се 2 книги

  • Југославија, моја дежела

    Со својот препознатлив стил, остриот и жив јазик, со умешното и луцидно раскажување Војновиќ во романот „Југославија, моја дежела“ ги демитологизира Балканот и Југославија и на новите генерации им овозможува еден поширок и понепосреден поглед на она што се случуваше во војните на деведесеттите години на минатиот век на просторите на некогашната заедница.

    „Југославија, моја дежела“ го поставува прашањето на смислата на сите војни, прашањето на злото, на вината, прашањето на односот татко-син, како и прашањето дали злосторствата може да се оправдаат и дали децата треба да ги плаќаат гревовите на своите родители.

    Насловот на романот асоцира на популарниот слоган од крајот на осумдесетите години во Словенија, кој гласеше: „Словенија, моја дежела“.

    350,00 ден
  • Смоква

    „Смоква“ е досега најкомплексниот и најзрел роман на Војновиќ, значително поинтимен, фокусиран на судбината на три генерации од едно семејство, битно обележан со некогашната заедничка држава и со нејзиниот распад.

    Како и сите претходни романи, така и овој ги надминува границите на матичната словенечка книжевност, првенствено поради темите со кои се занимава, поради јазикот со кој се служи и поради сместеноста на фабулата, но и поради преокупацијата со прашањето на идентитетот и на неговото создавање.

    „Смоква“ врие од силни, но прикриени емоции, а од сочниот и презреан медитерански плод, кој пука по шевовите, капе семејната сага во која се преплетуваат судбини, љубови, неостварени желби и суровите реалности од нашите животи.

    За овој роман авторот по трет пат ја доби наградата „Кресник“ во Словенија.

    370,00 ден