Југославија, моја дежела

350,00 ден

Со својот препознатлив стил, остриот и жив јазик, со умешното и луцидно раскажување Војновиќ во романот „Југославија, моја дежела“ ги демитологизира Балканот и Југославија и на новите генерации им овозможува еден поширок и понепосреден поглед на она што се случуваше во војните на деведесеттите години на минатиот век на просторите на некогашната заедница.

„Југославија, моја дежела“ го поставува прашањето на смислата на сите војни, прашањето на злото, на вината, прашањето на односот татко-син, како и прашањето дали злосторствата може да се оправдаат и дали децата треба да ги плаќаат гревовите на своите родители.

Насловот на романот асоцира на популарниот слоган од крајот на осумдесетите години во Словенија, кој гласеше: „Словенија, моја дежела“.

Распродадено

ШИФРА: 132
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2016

Број на страници

300

Превод/Препев

превод од словенечки: Драгана Евтимова

Горан Војновиќ (1980, Љубљана) е словенечки режисер, писател и колумнист.

Автор е на романите: „Јужњаци, надвор!“ (2008) и „Југославија, моја дежела“ (2012), за кои ја добива престижната “Кресникова награда”, а годинава е актуелен со новиот роман насловен „Смоква“ (2016).

Според романот „Југославија, моја дежела“ е поставена и истоимената претстава во изведба на „Словенско младинско гледалишче“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.