-
Црвените очи
Во својот втор роман, Леруа ни пренесува дел од нејзиното искуство од разговорите на социјалните мрежи со човекот кој во книгата го носи името Денис. Таа одговара на неговата покана за пријателство, охрабрена што имаат неколку заеднички пријатели на Фејсбук.На почетокот, епистоларното пријателство се сведува на речиси симпатична размена на животните приказни. Но, стапицата над жртвата полека се затвора.