-
Конзервирани импресии
Кога надворешната реалност е вшмукана во раскошот од перцепции, доживувања и интроспекции, се добиваат „Конзервирани импресии“ за долга употреба. Всушност, без рок на траење и без начин на употреба. Но она што особено фасцинира е тоа што веднаш по отворањето на овие прекрасно интимни записи, тие стануваат и мои и твои и мои пред десет години и нивни по педесет години и наши сега… Има ли поголем дар од еден автор од парчињата себеогледала пуштени во светот во кои секој може да ѕирне, да (се) види, да (се) открие?
Фросина Пармаковска