Автор/ка | |
---|---|
Број на страници | 102 |
Година на издавање | 2025 |
Конзервирани импресии
299,00 ден
Кога надворешната реалност е вшмукана во раскошот од перцепции, доживувања и интроспекции, се добиваат „Конзервирани импресии“ за долга употреба. Всушност, без рок на траење и без начин на употреба. Но она што особено фасцинира е тоа што веднаш по отворањето на овие прекрасно интимни записи, тие стануваат и мои и твои и мои пред десет години и нивни по педесет години и наши сега… Има ли поголем дар од еден автор од парчињата себеогледала пуштени во светот во кои секој може да ѕирне, да (се) види, да (се) открие?
Фросина Пармаковска
Горан Стефановски (1952-2018), еден од најистакнатите македонски драматурзи и писатели. Роден во Битола, потекнува од театарско семејство, со татко режисер и мајка актерка. Студирал англиски јазик и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а подоцна драматургија на Театарската академија во Белград. Неговите дела се сметаат за класика во македонската литература.