Чао брат!
Еве сум во Пула, морнар. Засега е добро, всушност издржливо. Пиши ми како е во Скопје, што правите, каде излегувате.
М. Жани
В.П. П59/92Д Ве 5
52002 Пула
Здраво брате!
Денеска е 3.10.88, неколку часа по полноќ. Скопјево е малку сменето. Ве нема вас па копилињава излегоа на улица и вреват. Јас сум арен, после толку алкохол – супер сум. Имам девојка и добра е, само мене бргу ми здосадува. Со брат ти се гледам на секое одење во МНТ. Добар е и луд, по обичај.
„Дебитантската книга на Исаковски три ипол децении трпеливо чека читање и препрочитување, како и превреднување на нештата, бидејќи добрата литература го прави токму тоа, таа не старее и никогаш не губи од својата релевантност и вредност. На реизданието на „Писма“ можеме да гледаме како на потсетник дека книжевната сцена кај нас одвреме-навреме знае(ла) да изнедри авторски глас кој на автентичен начин го обликува(л) современието, а Исаковски тоа го правеше во текот на целиот свој креативен живот. Оваа драгоцена книга е потсетник на еден град кој живееше 24/7, на едни луѓе кои ги знаеја сите негови светли и темни сокаци, и на еден автор кој сето тоа го обликуваше во книжевен бисер што живее за вјек и веков“.
Игор Анѓелков

КРЕАТИВНА ЕВРОПА






