Писма

299,00 ден

Чао брат!
Еве сум во Пула, морнар. Засега е добро, всушност издржливо. Пиши ми како е во Скопје, што правите, каде излегувате.

М. Жани
В.П. П59/92Д Ве 5
52002 Пула

Здраво брате!
Денеска е 3.10.88, неколку часа по полноќ. Скопјево е малку сменето. Ве нема вас па копилињава излегоа на улица и вреват. Јас сум арен, после толку алкохол – супер сум. Имам девојка и добра е, само мене бргу ми здосадува. Со брат ти се гледам на секое одење во МНТ. Добар е и луд, по обичај.

 

„Дебитантската книга на Исаковски три ипол децении трпеливо чека читање и препрочитување, како и превреднување на нештата, бидејќи добрата литература го прави токму тоа, таа не старее и никогаш не губи од својата релевантност и вредност. На реизданието на „Писма“ можеме да гледаме како на потсетник дека книжевната сцена кај нас одвреме-навреме знае(ла) да изнедри авторски глас кој на автентичен начин го обликува(л) современието, а Исаковски тоа го правеше во текот на целиот свој креативен живот. Оваа драгоцена книга е потсетник на еден град кој живееше 24/7, на едни луѓе кои ги знаеја сите негови светли и темни сокаци, и на еден автор кој сето тоа го обликуваше во книжевен бисер што живее за вјек и веков“.

Игор Анѓелков

ШИФРА: 611
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

152

Година на издавање

2026

Игор Исаковски (1970 – 2014), поет, прозаист, преведувач, основач и уредник на Културна установа „Блесок“ (www.blesok.mk). Објави десет збирки поезија, кои ИЛИ-ИЛИ во 2025 година ги реобјави во едно издание насловено „Совршен поет“. Зад себе остави и четири прозни дела. „Писма“ е неговиот дебитантски ракопис од 1991 година, кој по 35 години, заслужено доживува реиздание.