Едно лето со Рембо

Од (автор)Силвен Тесон

200,00 ден280,00 ден

„Едно лето со Рембо“ е патепис за животната и творечката таректорија на еnfant terrible – поетот Артур Рембо. На тој пат, Силвен Тесон – и самиот вечен патник – ќе се обиде да го лоцира авторот како авангарда пред авангардата и да даде одговор на прашањето зошто неговата контроверзност провоцира и 150 години подоцна.

Во времето кога светот беше парализиран од кинескиот вирус, Силвен Тесон „побегна“ истражувајќи го животот и делото на Рембо. Од тоа бегство произлезе оваа длабока (и објективна) анализа на појавата на францускиот автор како предвремена комета на литературното небо. Можеби Тесон успеа да го врами фундаменталното прашање: што е тоа што го прави Рембо толку историски важен книжевен феномен? И, кои индивидуални и колективни околности ја овозможија појавата на тој феномен?

ШИФРА: 508
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

206

Година на издавање

2023

Превод/Препев

превод од француски: Валентина Новачева

Силвен Тесон е француски писател и патник-авантурист, роден на 26 април 1972 година во Париз. Бил дел од голем број необични патувања и експедиции кои се основа за неговите книги. Помеѓу неговите најуспешни дела се „Во сибирските шуми“ (Dans les forêts de Sibérie), за проект да се живее шест месеци сам во селска куќичка во Сибир, и „Уметноста на трпението“ (L’art de patience) за потрагата по снежните леопарди на Тибет. За таа книга ја добил наградата „Ренодо“ (Prix Renaudot). По образование е географ, но има и диплома по геополитика. Ноќта помеѓу 21-ви и 22-ри август 2014 година, Тесон паднал од покривот на планинската куќа во Шамони при што се здобил со 4 фрактури на черепот и завршил во кома од којашто се разбудил со парализа на десната страна на лицето. По несреќата се одлучува да ја помине Франција пеш, што подоцна ќе е темата на неговата филмувана книга „По непознатите патеки“ (Sur les chemins noir). Тесон има напишано и две дела произлезени од радио-програмата од серијалот „Едно лето со…“. Ги напишал „Едно лето со Хомер“ (2017) и „Едно лето со Рембо“ (2020)