Филмски град

Од (автор)Игор Анѓелков

200,00 ден299,00 ден

„Игор Анѓелков е еден од ретките поинакви проследувачи на филмот кај нас, со осврти во кои вградувајќи ги сето свое знаење и љубов кон Седмата уметност, речиси секогаш вклучува и еден вид книжевен дискурс збогатен со парчиња од интимното животно искуство. Токму во ваквиот микс на книжевното и филмското писмо, Анѓелков си го изгради својот препознатлив творечки ракопис со сѐ појасно и повидливо место на нашата културна сцена. Двете нишки во неговото писмо не си одземаат ништо едната на другата, напротив, постојано си додаваат, затоа што никогаш немаат натпреварувачки однос. Примарниот интерес секогаш е јасен и прецизен, а поддршката од секундарниот е само продлабочување на аспектот, препознатлив личен авторски белег. Нивните позиции се менуваат од наслов во наслов на Анѓелков, во зависност од тоа дали издава публицистичка, есеистичка, критичка книга или белетристичка (раскази, романи). Хибридниот интерес на Анѓелков спонтано се движел и кон хибридизација на стилот, делумно и на жанрот на негово писмо. Затоа сето ова изгледа толку автентично. Кога писателот сака филм, а филмаџијата книжевност, настануваат книги како „Филмски град“ – сериозна филмска студија со фина книжевна сенка на стручните, компетентни реченици“.

Оливера Ќорвезироска

ШИФРА: 263
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2018

Број на страници

270

Превод/Препев

/

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со медиско третирање на филмската уметност активно се занимава од 1997 година преку рецензии во различни дневни, неделни и месечни весници, како автор на филмската радио-емисија „REDRUM“ на Канал 103, а веројатно е најпрепознатлив по филмскиот магазин „Филмополис“ на ТВ Телма. Бил член на жиријата на домашните фестивали „Македокс“, „Осфаф“, „Ехо“, „Филозофски филмски фестивал“…, а од оваа година е селектор на филмовите во официјалната програма на филмскиот фестивал „Киненова“.

Анѓелков зад себе има неколку книги, меѓу кои „Филм.мкд“, неговата прва теориска книга за филмот, која комплетно ја третира македонската кинематографија во новиот милениум, ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за 2015 година.

Тој е автор и на прозните книги, збирката раскази „Кротки приказни“ (2006) и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013).

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.