Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2012 |
Број на страници | 130 |
Превод/Препев | превод од англиски: Ацо Пероски |
заштеди
150,00 денБолестите на модерното време
100,00 ден250,00 ден
Во „Болестите на модерното време“ авторот се фокусира врз модерниот концепт на само-исполнување, често напаѓан како централна поддршка на она што се дефинира како „култура на нарцизам“.
Мислењата околу трансформацијата на модерната култура и општество се поларизирани, па токму затоа Тејлор се обидува аргументирано да одговори што треба да претставуваат суштинските потреби на современиот човек, не прескокнувајќи ги традиционалните вредности и социјалните обврски во заедницата како автентични импулси кои треба да бидат вградени во вредностите на новото време.
Неговиот став дека со разграничување на доброто кон кое се стремиме од социјалните и политичките опасности кои постојано не демнат, можат да создадат добра база за подобро утре на човештвото.
Чарлс Тејлор (5.11.1931) е пензиониран професор по филозофија на Универзитетот „МекГил“ во Монтреал, Канада. Тој е почитуван од страна на филозфската и научната заедница поради неговиот голем придонес во областа на политичката филозофија, филозофијата на социјална наука и историјата на филозофијата.
Негови најпознати дела се „Sources of the self: The Making of Modern identity“ (1989), „A secular age“ (2007) и „The malaise of modernity“, за која во 2007-та ја добива престижната награда „Templeton“.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.