Прикажана е една книга

  • Една книга

    Книгата носи поднаслов Summa Universi, а претставува расправа, трактат за сите прашања што си ги поставува денешниот Хомо Сапиенс за неговото потекло, универзумот, општествените и политичките трендови и светските социолошки текови.

    Целата расправа на 150 страници е сместена во фикција, новела која се движи на границата помеѓу научната фантастиката и реалноста.

     

    “Се работи за новела во која секојдневното, реалното време и космичкото или надреалното се мајсторски изместени, помешани. Тоа е литература што ве тера на размислување и себе-преиспитување. Ова е роман кој нема да ве остави рамнодушен“.

    Сергеј Андреевски

    Една книга е филозофски роман претежно напишан во течна и возбудлива  дијалошка форма. Топло ја препорачувам оваа книга за читање. Ќе најдете низа одговори на класични и современи филозофски прашања, но и насока како да се пристапи низ живеењето како патување во потрага по неодговорените прашања“.

    Тони Поповски

    500,00 ден