Прикажани се 2 книги

  • Бели заби

    „Првиот роман на Зејди Смит предизвика голема полемика меѓу критичарите, кои го споредуваа со делата на Чарлс Дикенс, Салман Ружди, Џон Ирвинг… Но, со својот кристално јасен стил, филозофската длабочина и многубројните чудесни, преплетени приказни, младата авторка докажа дека поседува сопствен, уникатен писателски глас, кого светот уште долго ќе го слуша и ќе го памети.“

    NewYorker

    „Бели заби е една од оние чудесни постмодерни приказни кои ја црпат својата инспирација од канонската литература од минатото и ја поврзуваат со современиот контекст на нашиот хаотичен, конфузен, површен живот, кој е растргнат помеѓу крајности кои одат од опсесијата со нашите најдлабоки емоции до застрашувачките граници на модерната технологија. Така, Бели заби може да се чита како класичен роман за преплетената историја на две семејства, како модерна емигрантска епопеја, како алегорична анти-утопија во која се критикува денешната ултра модерна технологија, но и како општествена сатира, преполна со пародични и комични елементи. Но, во секој случај, Бели заби е врвно книжевно остварување.“

    Publishers Weekly

    „Бели заби е прекрасен роман, пребогат со мали и големи приказни, растегнат на неколку континенти и низ неколку векови, преполн со хумор, топлина и човечност. Приказна за пријателството и семејството, за домот и љубовта, и за сите нешта кои полека исчезнуваат во нашиот модерен, брз, немирен живот.“

    New York Times

    300,00 ден450,00 ден
  • Собирач на автограми

    Алекс-Ли Тандем има чудна професија: тој продава автограми, ги лови имињата на славните луѓе запишани на хартија, ги собира и ги препродава, но исто така и ги фалсификува, сакајќи да им го даде на луѓето она за што сонуваат: мал дел од славата. Алекс оди во потрага по автограмите на два континенти, се обидува да ги разбере мистичните филозофии на Кабалата и Зен-будизмот, станува збунет сведок на уништувањето на неговиот сопствен живот и, сосема случајно, успева да открие еден мал дел од неговото вистинско „јас“, кое не може ниту да се купи ниту да се продаде, туку мора да се прифати.

    „Собирач на автограми“ е истовремено трогателен и комичен осврт на празнините на денешното модерно живеење во кое симболите доминираат над искуството. Зејди Смит, новото големо име на британската книжевност, уште еднаш напиша голема и значајна книга во која се зборува за теми кои се сосема малку застапени во современата литература.

    300,00 ден500,00 ден