Физика на тагата

450,00 ден

„Оваа книга е лудост! Таа е неверојатна и нервозна, сентиментална, одразувачка, страшно смешна, потресителна, колку филозофска, толку и поетична, микроскопска и грандиозна. Накратко: чудесна!“

Berliner Zeitung

„Не велат ли за Габриел Гарсија Маркес дека со „Сто години самотија“ прв ја стави Латинска Америка на картата на светската литература? Исто како него, така и Господинов не само што завршува со реализмот, туку на дневен ред поставува и еден експериментално-игрив, апсурдно-остроумен, постмодернистичко-противречен, саморефлексивно-ироничен стил на раскажување. Со оваа книга Господинов се издигнува над низините на комерцијалноста и конвенционалноста на романот, спасувајќи се не само себеси, туку и литературата, а со неа и целиот свет“.

Neue Zürcher Zeitung

Физика на тагата е литературен забрзувач на честички, голем акцелератор во кој се мешаат живописни минијатури и списоци…“

Süddeutsche Zeitung

ШИФРА: 115
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2015

Број на страници

331

Превод/Препев

превод од бугарски: Душко Крстевски

Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици.

На македонски се објавени книгите „Природен роман“, „И други приказни“ (и обете на Темплум), како и збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), сите во превод на Никола Маџиров. Во последниве години авторот постигна успех и во САД, а позитивни рецензии за неговите дела излегоа во New Yorker, NY Times, Village Voice…

Неговиот последен роман, „Физика на тагата“, беше финалист на неколку европски и светски награди, меѓу кои: Premio Strega Europeo, Haus der Kulturen der Welt, Brücke Berlin Preis…

Според „Њујоркер”, бугарскиот збор за тагата, tuga, може да се спореди со Памуковиот „hüzün“ и Набоковиот „toska“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.