Ѓубре

Од (автор)Ирвин Велш

500,00 ден

„Сериозна, перцептивна и ужасно смешна студија на реакционерната нарав… Како хуморист, моралист и автор на стравот и ужасот Велш во овој роман навистина дал сè од себе… ова му е веројатно најдоброто дело од Броење возови па наваму“.

Sunday Times

„На еден токсичен начин, типичен за Хемиската генерација, Велш е нашиот најдобар автор на надреална општествена сатира“.

The Big Issue

„Напишан на специфичен велшовски јазик, Ѓубре е прекрасно мрачен и смешен роман за развратот, моќта и злоупотребата на сè, практично. Стилот и формата се безобразно елегантни, а разорниот светоглед на Велш е многу убедлив“.

Mail on Sunday

„Детективот Брус Робертсон е назначен на случајот на убиство и токму неговиот монолог ни открива едно срце на темнината од кое дури и Џозеф Конрад би го фатил срам. Неговиот лик е мотивиран само од мизантропија, пеколна мешавина од сите можни предрасуди на светов, како и неколку карактеристични само за него. Толку е обземен од овој свој гнев што на крајот имплодира, не може да функционира без мета за својата омраза. Го напаѓаат тении и крастави осипи, метафора за едно сепство решено да се самоуништи… Истражување на кревкоста на совеста, приказна за тоа како спомените и заблудите можат секого да збудалат“.

Express

Out of stock

ШИФРА: 57
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2011

Број на страници

425

Превод/Препев

превод од англиски: Калина Јанева

Ирвин Велш е роден во Единбург во 1958. На дваесет години заминал за Лондон за да биде дел од тогашната панк сцена. По дивиот период исполнет и со вандализам и ситни кражби, решава да се смири и да заврши факултет по информатика.

Кон крајот на осумдесеттите се враќа во Единбург каде запишува постдипломски по бизнис администрација и каде, наводно, во паузи од пишување на тезата го пишувал својот прв роман, „Броење на возови“ (1993). До ден-денес ова му е најпопуларниот роман, благодарение на истоимениот, сега веќе култен филм, снимен по него, во режија на Дени Бојл.

Освен „Треинспотинг“, Велш има издадено уште шест романи, меѓу кои и „Ѓубре“ (1998), „Порно“ (2002), „Криминал“ (2008), кој е продолжение на „Ѓубре“, како и на неколку збирки раскази, драми и филмски сценарија.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.