Недостоинство

Од (автор)Леа Ипи

590,00 ден

Кога Леа Ипи случајно ја открива фотографијата од медениот месец од 1941 година на своите баба и дедо, објавена на интернет, таа станува повод за вознемирувачки прашања. Која била нејзината баба Леман? Како живеела во време на војни, окупации, падови на империи и диктатури? И што останува од вистината за еден човечки живот кога спомените избледуваат, а архивите, особено архивите на една репресивна држава, раскажуваат само дел од приказната?

Тргнувајќи во потрага по одговори, Ипи се враќа во архивите на поранешната албанска тајна полиција и во сопствените семејни спомени. Меѓу документите и празнините во нив, меѓу она што може да се докаже и она што мора да се замисли, постепено се појавува портретот на една жена чиј живот го обликувале големите потреси на дваесеттиот век.

Со извонредна книжевна смелост, Леа Ипи ја премостува границата меѓу мемоарот, историјата и фикцијата, поставувајќи едно едноставно, но длабоко прашање: што значи да му го вратиме достоинството на еден живот кога никогаш не можеме целосно да ја дознаеме неговата вистина?

ШИФРА: 621
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

388

Година на издавање

2026

Превод/Препев

превод од англиски: Кристина Димкова

Леа Ипи, родена 1979 година во Драч, Албанија, е универзитетска професорка која предава политичка теорија на Лондонската школа за економија (London School of Economics).

Полето на нејзиниот научен интерес ги опфаќа нормативната политичка теорија, политичката мисла на Просветителството (особено Кант), марксизмот, критичката теорија, национализмот и интелектуалната историја на Балканот, особено на Албанија. Објавила бројни научни трудови во областа на политичката теорија.

Покрај академската работа, Ипи е авторка и на две книги што го поврзуваат личното и семејното искуство со пошироките историски и политички превирања. Во Слобода (2021), преку личните сеќавања од детството во Албанија, го истражува преминот од комунизмот кон посткомунистичкото општество. Во Недостоинство (2025), тргнувајќи од животната приказна на својата баба, ги преиспитува достоинството, историската неправда и границите меѓу личното сеќавање и историската вистина.

Британското списание Prospect во 2022 година ја вброи Леа Ипи меѓу десетте најзначајни мислители во светот.