Нешто да ти кажам

Од (автор)Ханиф Курејши

500,00 ден

Нешто да ти кажам е роман кој раскажува за Џамал, психотерапевт на педесет и нешто години, кој има син пред пубертет и кој минува низ непријатна разделба со својата сопруга. Автобиографските елементи во романот се и повеќе од очигледни. Самиот Курејши вели дека сакал да прикаже лик со слични искуства како неговите, но лик кој не е писател. Курејши се заинтересирал за психоанализата уште во младоста, а пред десетина години и самиот почнал да оди на психотерапија. Романот е преполн со дигресии кои се занимаваат со современата политика, но нуди и зајадлива анализа на страотниот антиинтелектуализам на модерната култура. Ова е роман кој со елегантна сериозност ги опишува стравот од стареење, изнемоштеноста на уживањето, опстанокот на љубовта, копнежот да се сфати и да се биде сфатен: сета меланхолична фасцинација на средното доба.

„Одличен комичар и ненадминат познавач на човечката мистерија.“ Independent

„Нешто да ти кажам ќе ве замисли повеќе од делата на речиси кој и да е друг современ британски романсиер.“ Evening Standard

„Роман кој со елегантна сериозност ги опишува стравот од стареење, изнемоштеноста на уживањето, опстанокот на љубовта, копнежот да се сфати и да се биде сфатен.“ Sunday Telegraph

Out of stock

ШИФРА: 65
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2012

Број на страници

527

Превод/Препев

превод од англиски: Калина Јанева

Ханиф Курејши (1945) е британски романсиер, драматург и сценарист со индиско-пакистанско потекло. По преселувањето во Англија, завршува философија во Лондон, паралелно пишува и ја објавува својата прва драма во 1976 година. Во 1985 година го пишува сценариото за филмот Мојата прекрасна пералница, кој заработи номинација за Оскар. Неговиот прв роман, Буда од преградието (1990) ја доби наградата за најдобар дебитантски роман, а подоцна беше екранизиран во ТВ серија на Би-би-си. Романот Интимност (1998), издаден од ИЛИ-ИЛИ, исто така се најде на филмското платно, и заработи две „мечки“ на Берлиналето.

Нешто да ти кажам (2008) го сметаат за еден вид пандан на Буда – и обата романа претставуваат коментар на едно време, само што младешкиот занес на Карим од Буда е заменет со помирувањето со средното доба и сиот негов багаж на Џамал. Но, овој роман е покомплексен и фрла поглед и врз појавата на исламизмот во западниот свет, како и врз хедонизмот со кој пораснала генерацијата на главниот лик.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.