Одбраната и последните денови / Успението и падот на Икар Губелкијан

299,00 ден

Во новелите на Борислав Пекиќ на брилијантен начин се отсликани општествените и духовните трауми на современиот балкански човек. Напишани во седумдесеттите години од минатиот век, овие приказни совршено го доловуваат „духот на времето“ во кое се создадени, но несомнено остануваат актуелни и за нашиот денешен, современ живот.

„Одбраната и последните денови“ е книгата според која култниот бенд на Новиот југословенски бран, белградските Идоли, го насловија својот легендарен првенец од 1982 година, во кој низ песните провејуваат делови од текстот на Пекиќ, фокусирајќи се пред се’ на психолошките моменти кај главниот лик. Се работи за необична новела за емигрантската судбина и следењето на трагите на поранешниот живот на Андрија Гавриловиќ, емигрант во Западна Германија во педесеттите години од XX век, кој се обидува барем по својата смрт да се врати во Југославија.

„Успението и падот на Икар Губелкијан“, пак, е трогателна приказна за уметноста и горделивоста, во која на интересен начин се актуализира античката приказна за митскиот летач Икар. Како и во претходната новела, обидот за надминување на сопствената судбина неминовно го води главниот лик кон прашањата за смислата на животот, за моралот и човековата судбина во рамките на тоталитарниот општествен контекст.

ШИФРА: 109
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2015

Број на страници

210

Превод/Препев

превод од српски: Ацо Пероски

Борислав Пекиќ (1930-1992) е еден од најзначајните и најценетите српски интелектуалци на 20 век. Автор е на голем број драми, раскази, филмски сценарија, есеи, мемоари и записи, а централно место во неговиот голем опус заземаат неговите романи Беснило, Атлантида, 1999, Време на чуда, Златно руно (во 7 тома) и Како да се упокои вампир. Заради своите политички ставови, Пекиќ бил апсен, затворан, а подоцна и прогласен за persona non grata во Југославија. Од 1971 година живее во егзил во Лондон, а неговите дела се забранети за објавување, така што поголемиот дел од неговите книги се објавувани под псевдоним, илегално или постхумно.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.