Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2019 |
Број на страници | 459 |
Превод/Препев | превод од бугарски: Бранислав Мирчевски |
Пропаст
450,00 ден
Се очекуваше ваква книга да се појави во Полска, Чешка, Унгарија или дури и во Германија, но наместо тоа, се појави во Бугарија. И ако за Западна Европа и остатокот од светот таа беше изненадување, не беше никаков шок за бугарските читатели, оние кои го познаваат и го почитуваат Владимир Зарев и неговите единаесет романи во изминатите неколку децении.
Романот низ европските метрополи предизвика бројни осврти, особено во водечките медиуми од германското говорно подрачје, а за самиот автор е снимен документарен филм насловен „Бугарскиот Балзак“, во кој критичката мисла го споредува со Томас Ман, Достоевски, Маркез и Булгаков. Поодделни осврти го доближуваат и до Апдајк според начинот на кој се градени и профилирани неговите ликови.
Владимир Зарев е современ бугарски писател роден 1947 г. во Софија. Работи како универзитетски професор по бугарска литература, а од 1973 г. е уредник на одделот за белетристика на списанието „Современик“.
Романите му се преведувани на многу светски јазици, а романот „Пропаст“ (12 изданија во Бугарија), стана бестселер во Германија и во САД. По романот е снимен филмот „Времето е наше“.
Добитник е на државните награди „Иван Вазов“ и „Елин Пелин“. Во 2017 г. ја доби и Државната награда „Св. Паисиј Хилендарски“ за исклучителен придонес во развојот на националната културна идентификација и духовни вредности.
Автор е на романите: „Демонот на нетрпеливоста“ (1975), „Процес“ (1984), „Загар“ (1987), „Лето 1850“ (1988), „Пропаст“ (2003), „Поп Богомил и совршенството на стравот“ (2005), „Чудовиштето“ ( 2019), на трилогијата: „Битие“ (1978), „Исход“ (1983), „Закон“ (2012), како и на повеќе поетски книги.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.