Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2015 |
Број на страници | 196 |
Превод/Препев | превод од руски: Ѓорѓи Крстевски |
заштеди
100,00 денСи беше една жена која сакаше да го убие детето на сосетката
150,00 ден250,00 ден
Збирката раскази, со која Петрушевскаja за првпат му се претставува на македонскиот читател, претставува избор од можеби највиталната страна на нејзиниот писателски опус – загадочните и фантастични раскази. Тие се поделени во четири тематски целини според циклусите кои самата авторка ги уреди за руското издание. Љубопитниот читател ќе сретне мрачни и надреалистични вињети, раскажани во манирот на урбаниот фолклор, апокалиптични приказни за пропаста на социјално-политичкиот поредок, раскази кои ги истражуваат меѓучовечките односи под заканата од непознатото и после смртта, и вистински бајки за возрасни, како што самата писателка ги нарекува некои од своите прозни дела.
Оваа книга на руската писателка е посветена на љубовта – поточно, таа е посветена на разните видови љубов, почнувајќи од речиси детската, безнадежна и вечна, и завршувајќи со умната и мудра љубов, љубовта која е подготвена на сè, која простува и која спасува. Судејќи по напишаното, писателката знае многу приказни, и еден дел од нив претставуваат бајки со среќен крај, додека други наликуваат на старите балади во кои бесмртна останува само љубовта. Уживајте!
Људмила Петрушевскаја (1938) е руска писателка, авторка на песни, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Пишува и за деца. Освен со пишување, таа се занимава и со сликање акварели и монотипија.
Мошне рано почнала да пишува кратки белешки за весниците (Московски комсомолец, 1957, Московска правда, 1958, списанието Крокодил, 1960, весникот Недела, 1961), а работела и како дописник на Сесојузното радио.
Првиот расказ го напишала во 1968 година, и оттогаш во суштина пишува само проза. Нејзините први раскази се појавиле во списанието „Аврора“ во 1972 г. На почетокот не била многу објавувана, но по 1988 година, откако му напишала писмо на Михаил Горбачов, нештата тргнале во позитивна насока. Истата година била издадена нејзината прва книга, збирката раскази „Бесмртна љубов“.
Петрушевскаја е добитничка на бројни книжевни награди во Русија. Таа е една од најомилените и најугледни современи руски писателки, и е преведувана на многу јазици.
Живее и работи во Москва.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.