Свадби на животни и нешта

250,00 ден

Драги читатели (кхм-кхм, се закашлувам), ги направивме овие измислици и чкртаници во неколку есенски вечери минатата година, кога Раја немаше уште навршени 6, а јас веќе бев 7 пати на нејзините години плус уште 3. Седевме пред прозорецот, се стемнуваше и таа ми рече дека може да ги чуе предметите во собата како си зборуваат.

Прозорецот со вазната, книгите во библиотеката помеѓу итн. Почнавме да слушаме кој со кого си зборува и што точно. Потоа, таа предложи (идејата е нејзина, признавам) да им направам свадби. Што ли ќе се случи ако некакви предмети во собата се земат. Како, како… каучот и крокодилот, на пример. Да, имаме еден огромен крокодил што обично лежи на каучот. Кадифен крокодил, заборавив да кажам.

И така тргна работата.

ШИФРА: 278
Едиција:
Автор/ка

,

Година на издавање

2020

Број на страници

43

Превод/Препев

превод од бугарски: Душко Крстевски

Ова е прва книга за деца на познатиот бугарски писател Георги Господинов, која заеднички ја напиша со неговата тогаш шестгодишна ќерка Раја, која е и автор на цртежите.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.