Вистинска приказна

190,00 ден

„Вистинска приказна“ е едно од најпознатите и најчитани дела на Лукијан од Самосата. Претставува типичен жанровски хибрид во кој се измешани елементи на авантуристички роман, сатира, научна фантастика и пародија. Со врвно јазично и стилско мајсторство и со исклучителна имагинација, Лукијан нè води на возбудливо патување на Месечината, во утробата на еден кит, во подземниот свет, на Островот на блажените и на многу други попатни места, на кое нè запознава со различни вонземни облици на живот.

„Вистинска приказна“, според многумина, е првиот научно-фантастичен роман во историјата на западната книжевност. Бил книжевна предлошка за многу подоцнежни дела, меѓу кои „Гуливеровите патувања“ од Џонатан Свифт, „Патување на Месечината“ од Сирано де Бержерак, „Mikromégas“ од Волтер, како и за „Патувањето на Пантагруел“ во четвртата книга за Пантагруел на Франсоа Рабле.

 

„За време на мојот престој на Месечината забележав некои необични и чудни работи за кои сакам овде да раскажам. Прво, таму луѓето не се родени од жени, туку од мажи. Склучуваат бракови со мажи, и зборот „жена“ воопшто не им е познат. До дваесет и петтата година од животот секој има улога на сопруга, а по таа возраст – на сопруг. Децата не ги носат во утробата, туку во ножните листови. Кога ќе се создаде ембрионот, ногата почнува да им набрекнува. Некое време потоа, ја засекуваат и од неа го вадат новороденчето мртво. Го оживуваат така што го оставаат со отворена уста да седи спроти ветер…“

ШИФРА: 279
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2020

Број на страници

111

Превод/Препев

превод од старогрчки: Светлана Кочовска-Стевовиќ

Лукијан од Самосата е старогрчки автор со сириско потекло од II век.

Традицијата му припишува импресивен книжевен опус од 82 дела: дијалози, беседи, посланија и философско-сатирични наративни дела.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.