Актуелниот роман на Зарев на македонски јазик

Драги читатели,

со задоволство Ве информираме дека денес од печат излезе преводот на актуелниот роман „Загубени во слободата“ од Владимир Зарев. На тој начин, по објавувањето на „Пропаст“ и „Чудовиштето“, ова е трет роман на македонски јазик на еден од најценетите бугарски писатели, во превод на Бранислав Мирчевски.

„Загубени во слободата“ е роман кој ја истражува комплексноста на човечката слобода преку две различни, но неоспорливо поврзани временски линии. Во современиот дел на приказната, писателот го анализира влијанието на пандемија и виртуелната реалност, кои ја компромитираат индивидуалната слобода и ги затвораат луѓето во нови „затвори“ на изолација и насилство. Втората линија нè носи во Средновековието и ја истражува темата на исихазмот, древната духовна практика што се стреми кон единство со Бога.

Со оваа двојна перспектива, Зарев ја поставува основната тема: што е слобода и дали е можно да се постигне совршенство и слобода, дури и кога се наоѓаме затворени во сопствените страсти и илузии? Синергетски поврзувајќи ја современата и духовната потрага, „Загубени во слободата“ ни нуди длабока рефлексија за значењето на слободата и смислата на животот.

Книгата е објавена со поддршка на Националниот фонд „Култура“ на Р. Бугарија.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна