
„Конзервирани импресии“ од Горан Стефановски во едицијата „Виртус“
Почитувани,
со задоволство Ве информираме дека една од омилените книги на неколку генерации, која изобилува со мудрости од нашето секојдневие, си најде свое соодветно место во нашата и Ваша едиција „Виртус“. Читателите повторно можат да уживаат во луцидните забелешки на мајсторот на перото Горан Стефановски, овој пат во ново руво.
Поголемиот дел од „конзервираните импресии“ се објавувани во списанието „Разгледи“ од 1974 до 1980 година, а следните три години настанаа уште третина од записите кои потоа се најдоа во книгичката толку моќна и актуелна, што се покажа дека ги надминува временските бариери. Кусите белешки на Горан, небаре куси-куси раскази, се исечоци од нашиот живот тогаш, но и овде и сега, што ја чинат оваа книга задолжително четиво за секоја нова генерација македонски читатели.
Затоа, обезбедете го својот примерок, или ако веќе го имате, подарете ја книгата на некој близок, нема да зажалите ниту тој ниту Вие 😉