„Европската награда за литература“ за Ненад Јолдески

Со задоволство Ве информираме дека младиот македонски писател Ненад Јолдески е добитник на наградата за литература на Европската унија.

Европскиот комесар Тибор Наврашич за образование, култура, млади и спорт ги објави имињата на 12 добитници на оваа награда за 2016 година. Наградата ги одликува младите и талентирани автори од Европа. Покрај Јолдески, награда добија Тања Ступар-Трифуновиќ ид Босна и Херцеговина, Кристоф Ван Геревеј од Белгија, Антонис Георгиу од Кипар, Бројн Расмусен од Данска, Пааво Матсин од Естонија, Селја Ахава од Финска, Бенедикт Велс од Германија, Гаст Грубер од Луксембург, Клаудио М. Флориан од Романија, Јасмин Б. Фрелих од Словенија и Јесус Караско од Шпанија.

Секој награден автор добива сума од 5.000 евра но и промоција и меѓународен визибилитет за неговото дело на сите важни саеми на книги во Европа како Франкфурт, Париз или Лондон. ЕУ ги охрабрува издавачите на овие автори да поднесат барање за ЕУ фондот кој ќе помогне делото да биде преведено на повеќе јазици. Наградите ќе бидат предадени на свеченост во Брисел на 31 мај.

ИЛИ-ИЛИ ја реиздаде книгата која на Јолдески му ја донесе оваа престижна литературна награда. Повеќе за неа и за авторот на следниот линк:

Секој со своето езеро

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна