Книжевни разговори со Кристина Тот

Минатиот месец наша и Ваша гостинка беше унгарската писателка Кристина Тот, чија книга за деца „Приказни од облаци“ ја промовиравме во „Буква“. По промоциите на збирката раскази „Пиксел“ и романот „Аквариум“, Тот по трет пат гостуваше во Скопје, а овој пат повод беше преводот и издавањето на нејзината книга за деца „Приказни од облаци“. Калина Малеска одлично го води разговорот, во кој Тот се осврнува на својата поезија, проза, и секако, најблагородниот дел од нејзиното творештво, детската литература.

Во очекување на видеото од промоцијата, го објавуваме разговорот со неа во Старата скопска чаршија.

#CreativeEurope4Books

 

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна