Промоција на сликовницата „Приказни од облаци“

Почитувани читатели, Ве покануваме на промоцијата на сликовницата „Приказни од облаци“ од Кристина Тот, вечерва во 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“, во присуство на авторката. Промотори ќе бидат писателките Калина Малеска и Николина Андова Шопова. По прекрасните промоции на книгите „Пиксел“ и „Аквариум“, унгарската писателка е повторно во нашиот град, и ветуваме уште една одлична промоција.

Објавувањето на книгата е дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Ве очекуваме!

#CreativeEurope4Books

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна