
Промоција на „Мачето Мице“, нов наслов во детската едиција
Почитувани,
Ве покануваме на промоцијата на книгата за деца „Мачето Мице“ на 24 април во 19 часот, во MG Bar. Се работи за нов наслов во нашата едиција за најмладите „И ете приказна“, кој излезе неодамна. Авторка е Татјана Гаврилова, илустрациите се на Јана Борбала Панзов, а промоторка ќе биде Ана Јовковска.
“Мачето Мице” е книга за деца во која авторката пишува за домашните авантури на љубопитното маче Мице. Мице е посебно, единствено маче, полно со енергија, коешто најчесто прави бељи низ домот. За него ни раскажува Ема, девојче кое живее со семејството и која е сопственичка на мачето. Мице постојано го истражува светот околу него, всушност, домот во којшто живее, правејќи безброј палавштини и глупости, но истовремено учејќи вредни лекции за пријателството, храброста и важноста на семејството.
Книгата содржи десет раскази и секој расказ е нова авантура. Исполнета е со прекрасни, весели илустрации и ангажирани наративи кои се едноставни за следење, и ги привлекуваат децата и младите читатели.
Ве очекуваме 😉